Пендаровски-Лајчак: Северна Македонија исклучително позитивен пример во регионот

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020″, денеска во Братислава оствари средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан.

Двајцата соговорници разменија мислења и информации поврзани со најновиот развој на настани во регионот, предизвиците со кои се соочува регионот особено во поглед на регионалната стабилност, како и значењето на регионалната соработка и процесот на проширување на Европската Унија.

Во таа насока, претседателот Пендаровски го информираше специјалниот претставник Лајчак дека Северна Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори со ЕУ за кои се очекува формален почеток за време на германското претседателство.

Специјалниот претставник Лајчак посочи на Северна Македонија како исклучително позитивен пример во регионот истакнувајќи го многу значајниот напредок постигнат во изминатите години.

Претседателот Пендаровски го информираше високиот претставник Лајчак за актуелните состојби во земјава и изрази задоволство од нивната редовна комуникација и размена на информации од заемен интерес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот