Пендаровски – Лајчак: Придонесот на ЕУ е повеќе од потребен за изнаоѓање прифатливо решение во рамки на дијалогот Белград – Приштина

Претседателот Стево Пендаровски во денешниот телефонски разговор со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, констатирал дека со назначувањето на специјалниот претставник, Европската Унија испраќа позитивен сигнал дека регионот е меѓу приоритетите на Унијата. 

Претседателот Пендаровски, како што соопштуваат од неговиот кабинет, изразил поддршка за мисијата на Лајчак и истакна дека придонесот на Европската Унија е повеќе од потребен со цел изнаоѓање прифатливо решение во рамки на дијалогот Белград – Приштина.

-Во разговорот двајцата соговорници размениле мислења и информации поврзани со актуелните политички состојби во регионот, значењето на регионалната соработка, процесот на проширување на Европската Унија, како и за помошта која Унијата и земјите-членки им ја укажуваат на земјите во регионот во борбата со пандемијата на КОВИД-19.  Според претстедателот, со назначувањето на специјалниот претставник, Европската Унија, по одлуката за отворање на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија испраќа дополнителен позитивен сигнал дека Регионот е меѓу приоритетите на Унијата, соопшти претседателскиот кабинет.

Пендраовски, на крајот на разговорот му го честитал неодамнешното назначување на одговорната позиција, и му посака успех во работата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот