Пендаровски: Концептот на Силјановска значи нарушени етнички односи (ВИДЕО)

Кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски очекува мирен изборен ден и, како што рече, уште поубедлива победа во вториот круг на претседателските избори.

– Денешниот изборен ден во вториот изборен круг почна мирно. Јас искрено се надевам и верувам дека така и ќе заврши. На тој начин ние ќе покажеме дека како држава сме подготвени да организираме фер, демократски и транспарентни избори, како што и прилега на земја која наскоро очекува да ги почне преговорите за членство во Европската Унија. Што се однесува до изборниот резултат, очекувам уште поубедлива победа во вториот круг, затоа што оние категории на луѓе кои останаа дома во првиот круг или оние кои гласаа за противкандидатот Река, кој ја заврши својата изборна трка во првиот круг, еден дел од нив очекувам дека ќе излезат на биралиштата и ќе гласаат – изјави Пендаровски за медиумите откaко гласаше на избирачко место во Автокоманда.

Се надева дека најголемиот дел од тие гласачи ќе го препознаат концептот за кој се залагал во изминатиот месец во рамки на изборната кампања и дека ќе сакаат, како што рече, „да го поддржат концептот што значи одење напред за сите граѓани кои живеат во Република Северна Македонија, сите етнички заедници, сосема независно од нивната верска, национална или партиска припадност”.

На новинарско прашање дали е оптимист околу излезноста, Пендаровски рече не гледа причина одѕивот да биде помал од 40 проценти. Одговори дека иако е врнежливо, резултатите за истиот период од денот (10 часот) покажуваат ист процент на излезност како и во првиот круг пред две недели, а очекува помасовно гласање попладне, сообено во урбаните средини и во главниот град.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот