Пендаровски ќе се обрати пред пратениците на 22 декември

Фото: Слободен печат/Драги Митровски

Шефот на државата Стево Пендаровски на 22 декември ќе се обрати пред пратениците. Претседателот на Собранието Талат Џафери, собраниската седница на која Пендаровски ќе го има своето годишно обраќање веќе ја закажа за 22 декември во 11 часот во рамките на 96-та седница.

Ова ќе биде четврто обраќање на Пендаровски во Собранието.

Според член 85 од Уставот, Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот