Пендаровски ќе се вакцинира во Куманово, Бочварски во Штип, дел од министрите во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе прими вакцина против ковид-19 во вакциналниот пункт во спортската сала на СОУ „Перо Наков”, во Куманово. Министерот за транспорт и врски, пак, Благој Бочварски ќе ја прими првата доза вакцина против ковид-19 на вакцинален пункт во Штип.

На пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се вакцинираат вицепремиерите за економски и за европски прашања, Фатмир Битиќи и Никола Димитров, како и министрите за надворешни работи, за правда, за финансии, за економија и за локална самоуправа, Бујар Османи, Бојан Маричиќ, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Горан Милевски.

По вакцинацијата, предвидено е изјава да дадат претседателот Пендаровски, министрите Бочварски и Маричиќ и вицепремиерот Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот