Пендаровски ќе се сретне со раководството на МАСИТ

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе има средба со раководството на Стопанската комора на информатички и комјутерски технологии МАСИТ, од каде ќе ги претстават состојбите и предизвиците на ИКТ индустријата во државава.

На работната средба се најавени обраќања на претседателот Пендаровски и на претседателката на Управниот одбор на МАСИТ Анета Антова Пешева.

Предвидена е и кратка презентација за МАСИТ и ИКТ индустријата од страна на Анита Никова, извршен директор на МАСИТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот