Пендаровски ќе дебатира за придобивките од членството во НАТО

Во рамките на НАТО Караванот денеска во Скопје ќе се одржи еден од двата финални настани како дел од активностите на Инфо центарот за евроатлантски интеграции.

Ќе се дебатира за придобивките и предизвиците од членството во НАТО со студентите од Универзитет ФОН на тема:„Безбедна младина, посигурна иднина“ со почеток во 10 часот
на ФОН Универзитет – Скопје.

Говорници на дебатата ќе бидат претседателот Стево Пендаровски и Рејчел Галовеј, амбасадоката на Велика Британија во земјава.

Целта на настанот е да се поттикне дебата за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на државата во НАТО. Идеата е настанот да им понуди можност на студентите да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции, придобивките од членството во НАТО, улогата која НАТО ја има во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот