Пендаровски-Касами: Сите да дадат придонес во исполнувањето на референдумската агенда, која е во интерес на граѓаните

Денеска се одржа средбата помеѓу лидерот на Движењето Беса, Билал Касами и претседателот Стево Пендаровски, на која се дискутирало за неколку точки.

Сите политички субјекти, и од власта, и од опозицијата, да го насочат своето делување во интерес на остварувањето на стратешките цели на Република Северна Македонија,  членството во Европската Унија и во НАТО, како важен предуслов за стабилна, просперитетна и развиена држава.

Ова било истакнато денеска на средбата меѓу претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, и лидерот на политичката партија Движење Беса, Билал Касами.

– Сите релевантни политички субјекти во Република Северна Македонија во периодот што претстои треба да демонстрираат одговорност и да го дадат својот придонес во исполнувањето на реформската агенда, која е во интерес на граѓаните – истакна претседателот Пендаровски на средбата.

Претседателот на Движењето Беса, Касами, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, упати честитки до претседателот по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот