Пендаровски ја прими претставничката на УНДП

Фото: МИА

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими постојаната претставничка на програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан.

На средбата, соопшти Кабинетот на претседателот на РСМ, претставничката на УНДП го информираше Пендаровски за актуелните проекти како и за идните приоритетни активности на организацијата во Република Северна Македонија.

Двајцата соговорници изразија задоволство од воспоставената плодна соработка меѓу Македонија и мисијата на УНДП изразена низ голем број успешно реализирани проекти и иницијативи, кои непосредно влијаат врз подобрувањето на целокупниот квалитет на живот на граѓаните на државата.

Претседателот Пендаровски ја нагласи исклучително важната улога на мисијата во остварувањето на нашите развојни цели, како и нивниот директен и несебичен ангажман на нашиот реформски пат во остварувањето на нашите стратешки приоритети, членството во ЕУ и НАТО.

Во тој контекст Претседателот ја потенцираше и неопходноста од понатамошна максимална вклученост и активна соработка со УНДП од страна на сите институции и граѓански организации на локално и централно ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот