Пендаровски ја оцени руската анексија на украинските региони како „илегален чин“

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски / Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Анектирањето на четирите украински регион од страна на Русија претставува илегален чин, кој не е втемелен во ниту едно правило на меѓународното право, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.

Во одговор на прашање на МИА да го коментира отцепувањето на четирите украински региони од Русија, Пендаровски изјави дека се надевам оти ваквата постапка е знак на слабост на рускиот претседателот Владимир Путин.

– Работите не му одат добро на терен како што планираше и сега се обидува со административни мерки да припои делови од територија на друга држава, која ниту била ниту ќе биде дел од Русија и тоа гледате дека практично никој во светот не го признава, изјави денеска претседателот Пендаровски во Софија.

Тој потсети дека од самиот почеток на руската инвазија на Украина, таа беше осудена од 141 земја во Обединетите Нации и до денес тоа мнозинство опстојува.

– Две третини од земјите членки на најголемата Светска организација ги имаат тие ставови дека тоа претставуваа прекршување на сите принципи на меѓународното право и поредок, онаков каков што беше познат по завршување на Втората светска војна, истакна Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот