Пендаровски ја објави програмата за чествувањето на Илинден на Мечкин Камен

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски /Фото: Архива на „Слободен печат“

Претседателот Стево Пендаровски на својата Фејсбук страница ја објави програмата за чествувањето на Илинден на Мечкин Камен во Крушево.

Во рамките на централната свеченост, како што објави Пендаровски, пригодна реч ќе има Никола Ристановски со пораки за Илинден. На свеченоста ќе настапат ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец”, ансамблот за албански народни ора и песни, Влатко Стефановски и воениот оркестар на Армијата.

– Утре на Мечкин Камен ќе оддадеме почит на Илинденците коишто загинаа во одбраната на Крушевската Република, напиша Пендаровски.

Пригодна државна програма утре во Скопје, Крушево и Пелинце за чествување на 2 Август – Ден на Републиката и Илинден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот