Пендаровски: Изразувам посебна почит и признание за докторите и за останатиот персонал во здравствените установи

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски го честиташе Светскиот ден на здравјето, со порака до сите да се почитуваат препораките, за да им помогнеме на здравствените работници.

-Со стотици илјади смртни случаи во целиот светот, вирусот Ковид-19 се уште претставува глобална закана по сечиј живот. На денешниот Светски ден на здравјето, уште еднаш повикувам да бидеме одговорни и да бидеме дисциплинирани. Од секој од нас зависи дали ќе има потреба и натаму да се заоструваат мерките за заштита. Од секој од нас зависи до кога ќе биде неопходен полицискиот час или вонредната состојба.

На меѓународниот ден на здравјето изразувам посебна почит и признание за докторите и за останатиот персонал во здравствените установи. Тие се на првата линија во спречувањето и справувањето со последиците од епидемијата на COVID 19. Го ризикуваат своето здравје и својот живот, за да го заштитат нашето здравје и нашите животи. Затоа, да ги почитуваме препораките и да им помогнеме на лекарите. Само заедно можеме да ја добиеме битката против корона вирусот, стои во фејсбук објавата на Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот