Пендаровски изрази сочувство за турскиот народ по силниот земјотрес во Измир

Претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук изрази сочуство до Турција за катастрофата предизвикана од земјотресот во Измир.

„Сочувство до турскиот народ за страшната трагедија која ја предизвика земјотресот во Измир. Неколку човечки животи згаснаа, над двесте лица се повредени, а материјалната штета е огромна. Во нашите мисли се сите кои изгубија членови на своите семејства и свои блиски луѓе.“, напиша Пендаровски.

Најмалку четири лица загинаа, а 120 се повредени во земјотресот од 6,6 степени кој денеска го погоди турско-егејскиот регион.

ВИДЕО: Четворица загинати, 120 повредени – три лица спасени од под урнатините по земјотресот во Измир

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот