Пендаровски изрази сочуство до Макрон за смртта на француските војници

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски изрази сочувство до претседателот на Француската Република Емануел Макрон по повод загинувањето на 13 припадници на француската војска во Мали.

– Длабоко ме потресе веста за хеликоптерската несреќа во Мали, каде животот го загубија 13 припадници на француската војска. Во овие тажни моменти за Вашата земја, нашиот народ длабоко сочувствува со пријателска Франција и заедно со мене ја споделува тагата за загубените животи од оваа несреќа. Ве молиме да ги пренесете нашите изрази на искрено сочувство до семејствата на трагично настраданите војници и до францускиот народ, пишува претседателот Пендаровски.

Тој до францускиот колега упати изрази на силна и безрезервна поддршка во здружување на заедничките напори за акција во глобалната безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот