Пендаровски и Заев со сопругите во друштво на виолинистката Ванеса Меј (ФОТО)
Овогодишното Охридско лето го отвори светски познатата виолинистка Венеса Меј.
Премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски, со сопругите уживаа во нејзиниот настап, а подоцна и во дружбата со неа.
Претседателот Пендаровски по тој повод објави фотографии на неговиот профил на Фејсбук, покрај кои напиша:
„Ванеса Меј нуди нов музички стил што излегува од конвенционалните рамки, создава музика длабоко вкоренета во традицијата, релевантна за сегашноста и насочена кон иднината. Во неа го препознаваме ритамот што ги поврзува природата и човештвото. Музиката на Ванеса е гласно сведоштво дека наместо да се исклучуваат, различните културни влијанија можат да се надополнуваат создавајќи поголема вредност. Нејзината музика помирува и поврзува милиони луѓе од различни нации и генерации.“