Пендаровски и Шолц разговараа за ЕУ, НАТО, Западен Балкан, војната во Украина

Пендаровски и Шолц/Фото: Кабинет на ПРСМ

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на неговото учество на Самитот на НАТО, што се одржува во Мадрид, оствари средба со канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц, на која било разговарано за билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Германија во политичко-безбедносната и одбранбената област, како и за состојбата со македонските евроинтеграции, при што соговорниците ги оцениле односите меѓу двете држави како пријателски, исполнети со доверба и заемно почитување.

Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, изразил благодарност за силната и значајна поддршка од Германија за нашата европска интеграција и отпочнувањето на пристапни преговори со ЕУ.

На средбата, исто така, се разговарало и за безбедноста и стабилноста на земјите од Западен Балкан, во контекст на руската инвазија врз Украина. Претседателот Пендаровски ги истакнал македонските позиции за руската воена агресија во Украина потврдувајќи ја цврстата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

Двајцата разговарале и за процесот на проширување на НАТО, при што претседателот Пендаровски нагласил дека Северна Македонија е силно посветена на политиката на отворени врати на Алијансата, а со членството на Финска и Шведска во НАТО дополнително ќе се зајакне безбедноста на Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот