Унгарската претседателка за добредојде го погали шарпланинецот Роки и го остави во Вила Водно

Претседателката на Унгарија Каталин Новак која денеска е во официјална посета на Македонија, а на пречекот во вила Водно се запозна со претседателскиот шарпланинец Роки. Само го погали и си поигра со него. Но и таа и претседателот Пендаровски ги демантираа информациите дека го добила како подарок.
– Имам две кучиња дома и не верувам дека со задоволство би го прифатиле Роки. Го оставам овде, рече Новак на прес-конференцијата.
Пендаровски, пак рече дека за Роки нема преговори.
– Со ЕУ може да водиме преговори, но преговори за да го дадеме Роки нема, изјави Пендаровски.
Пендаровски и Новак која беше пречекана со сите државни и воени почести имаа тет-а-тет средба, по што делегациите од Северна Македонија и Унгарија одржаа пленарен состанок.
Во рамки на посетата, во црквата Св. Спас во Скопје претседателката Новак и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.
За време на официјалната посета, унгарската претседателка Новак ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, а заедно со претседателот Пендаровски ќе остварат средба со претставници на младински организации.
Како што најави Министерството за внатрешни работи, денеска во Скопје има посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на градот. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Унгарската претседателка Новак не го коментира азилот на Груевски