Пендаровски: И јас ќе се отселев од мојата земја да не бев претседател (ВИДЕО)

Фото Принтскрин

Шансата да се задржат младите во регионот е доколку Западен Балкан почне да ги користи своите ресурси и да продолжи со регионални автономни иницијативи и да создаде нешто како мала ЕУ, вели претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

-Ако ги имплементираме вредностите на Европската Унија во нашите земји, ќе можеме да ги задржиме младите во земјата. Младите можат да одат каде сакаат и тоа не може никој да им го забрани. Но ние, како одговорни политичари мора да им понудиме можност тука, дома да ја имаат првата шанса за да успеат. Само ако им го понудиме тоа, можеме да се надеваме дека ќе останат во своите матични земји-заклучи претседателот Пендаровски на претседателскиот панел на 4. Регионален младински форум, којшто се одржува во Нови Сад, Србија.

Пендаровски од Форумот за млади лидери во Нови Сад истакна дека на младите во регионот не им била дадена шанса и дека имаат право да одат и да бараат работа во светот, ако политичарите не им дадат соодветна перспектива.

– Тие имаат само еден живот, сите ние имаме само еден живот, и никој не е луд да го троши додека преговорите со ЕУ траат со години, при што просечната плата во мојата земја е 400 евра. Да не бев претседател, и јас ќе се иселев од мојата земја – рече тој, илустрирајќи ја ситуацијата во Северна Македонија, но и во регионот.

Изјавата може да се слушне пред крајот на видеото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот