Пендаровски и Димитров ќе одржат средба во вила Водно

Фото: МИА

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Вила Водно ќе го прими министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Шефот на државата минатата недела најави дека ќе побара од МНР и Владата анализа за перформансите на надворешната политика и за работата на ДКП-а.

Пендаровски ќе ја одблокира и постапката за агремани за амбасадори што беше блокирана од неговиот претходник Ѓорге Иванов, со цел пополнување на испразнетите амбасади.

Средбата се случува пред објавувањето на Извештакот на ЕК за напредокот на државата и клучните самити на ЕУ на кои се очекува земјата да добие датум за почеток на пристапните преговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот