Пендаровски и Чадиковски зборуваа за новите предизвици на медиумите во земјава

Кабинетот на Претседателот воспоставува отворена, непосредна комуникација со медиумите, а од нив очекува да бидат активен чинител и коректив на сите општествени процеси во Северна Македонија, рече шефот на државата Стево Пендаровски на денешната средба со претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски.

На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат медиумските работници во земјава при што беше констатирано дека заедничката заложба, и на државата и на медиумите, треба да биде обезбедување на основните права и слободи на новинарите, во насока на целосно спроведување на професионалните стандарди во известувањето, како и заштитата на достоинството и интегритетот на новинарската професија.

Изразувајќи ја поддршката кон ЗНМ, како најстаро здружение во државата и член на Меѓународната федерација на новинарите, претседателот Пендаровски истакна дека транспарентноста е главен императив и еден од основните принципи на демократијата на секоја држава.

Двајцата соговорници се согласија дека е неопходно забрзување на конституирањето на новиот состав на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Програмскиот совет на Јавниот сервис МРТ во насока на реформските процеси во медиумската област во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот