Пендаровски: Груевски прв ја даде идејата за странец обвинител, после ја напушти

Пендаровски тврди дека ќе добиеме датум за преговори со ЕУ, не прецизира кога, но е сигурен во тоа, а за законот за Јавно обвинителство, вели дека подобро е да го имаме, отколку тој да е пречка за отпочнување на преговори со ЕУ.

Во вечерашното гостување на Телевизија Канал 5, претседателот Стево Пенрадовски, рече дека тој смета дека е потребна меѓународна експертска помош за спроведување на ветинг во правосудството, како и тоа, дека не се срами да побара помош од странски експерт ако има потреба.

-Да бидеме реални, Груевски прв ја даде идејата за странец обвинител. После ја напушти. Што се однесува до ветингот, јас мислам дека е најдобро да се свртиме кон некој странец експерт да го менаџира ветингот. Некој ќе рече сакаме во ЕУ, а не можеме сами да се справиме. Но, јас не се срамам да побарам помош кога има потреба од тоа, рече Пендаровски.

Пендаровски тврди дека ќе добиеме датум за преговори со ЕУ, не прецизира кога, но е сигурен во тоа, а за законот за Јавно обвинителство, вели дека подобро е да го имаме, отколку тој да е пречка за отпочнување на преговори со ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот