Пендаровски го става проблемот на ВИСОКО ниво: Загадувањето стаса до Советот за безбедност

Претседателот на државата Стево Пендаровски проблемот со загадувањето го става на високо ниво и најавува дека за овој проблем ќе серазговара на Советот за безбедност. Пендаровски се сретнал со преставници на невладинте организации кои побараа од него да се вклучи во решавање на овој проблем.

„Проблемот со загадувањето може да се реши само со координација и вклученост на сите надлежни институции. Затоа ќе ја интензивирам комуникацијата и координацијата со граѓанските организации коишто дејствуваат во полето на екологијата. Во мојот одговор на отвореното писмо од здружените граѓански организации и иницијативи, повикав претставници од потписниците на писмото на средба во мојот кабинет на 14.11.2019 во 13.30 часот. Исто така, проблемот со загадувањето планирам да биде точка на следната седница на Советот за безбедност. Сакам граѓанските организации да знаат дека целосно се ставам на располагање за да помогнам во активностите, да бидам гласен поддржувач на граѓанските иницијативи и своевиден мост за побрза и поефективна комуникација помеѓу надлежните институции и граѓанските организации“, пишува Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот