Пендаровски го прими Саити: Предуслов за напредок на секоја држава е токму владеењето на правото

Фото: МИА

Претседателот Пендаровски денеска се сретна со претседателот на Здружението на судиите и судија во Врховен суд Џемали Саити, на која било разговарано за предизвиците со кои се соочуваат судиите во вршењето на својата одговорна должност, како и за развојните процеси во оваа област, со цел јакнење и гаранција на независноста, самостојноста и објективноста на судството.

Во тој контекст, Саити го информирал претседателот Пендаровски за нивните досегашни активности во насока на поттикнување на развојот во судството, преку унапредување на законите за целокупната организација и работата на судовите.

Претседателот Пендаровски, се наведува во соопштението од неговиот Кабинет, нагласил дека главен предуслов за напредокот на секоја државата е токму владеењето на правото, односно, неселективно и независно судство, кое професионално, правично и непристрасно ќе ги спроведува законите.

Тоа, нагласил Пендаровски, се придобивки од кои, посредно или непосредно, се засегнати сите граѓани во Република Северна Македонија.

– Доследното практикување на правната држава е од витален интерес за нашите граѓани – рече претседателот Пендаровски, подвлекувајќи дека тоа е едно од клучните барања на Европската унија, во пресрет на одредување  датум за почеток на пристапните преговори на нашата држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот