Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Карло Ромео

Претседателот Пендаровски, денеска го прими Карло Ромео, амбасадорот на Италија во Македонија.

На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу Македонија и Италија, при што беше изразено задоволство од континуираниот успешен развој на соработката меѓу двете држави, во сите области од заемен интерес, стои во соопштението на Владата.

Претседателот Пендаровски истакна дека земјава високо ја цени конструктивната, јасна и безрезервна поддршка од Италијанската Република на нашиот пат кон полноправно членство во Европската унија, притоа изразувајќи очекување и дека италијанскиот парламент во најскоро време ќе го ратификува  Протоколот за пристапувањето на државата во НАТО.

Италијанскиот амбасадор Ромео упати честитки до претседателот Пендаровски за стапувањето на функцијата и му посака успех во вршењето на должноста, притоа изразувајќи подготвеност за натамошно унапредување и зајакнување на односите меѓу двете држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот