Пендаровски го означи почетокот на работата на Главниот штаб на Бригадата на Југоисточна Европа во Куманово

Претседателот Стево Пендаровски попладнево во Куманово го означи почетокот на работата на Главниот штаб на Бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), што во следните шест години ќе се наоѓа во касарната „Боро Менков”.

Откако беше извршено примопредавање на должноста командант на СЕЕБРИГ, претседателот Пендаровски, заедно со претседателот на Владата, Оливер Спасовски, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и претседавачот со координативниот комитет на процесот СЕДМ, Петро Кочи свечено го отвори реновираниот и опремен објект во касарната „Боро Менков”, што ќе биде седиште на Главниот штаб на бригадата до 2026 година.

Република Северна Македонија ќе биде домаќин на Командата на СЕЕБРИГ, формирана во 1999 година и во која членуваат Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција. Бригадата функционира во рамки на СЕДМ – процес на соработка меѓу министерствата за одбрана на Југоисточна Европа.

Локацијата на командата се одредува по основ на ротација, а досегашни нејзини домаќини беа Пловдив, Констанца, Истанбул и Лариса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот