Пендаровски го честиташе денот на Власите: Се гордееме што обичаите на Власите се длабоко вткаени во нашето општество

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод Националниот ден на Власите, посакувајќи им на сите многу здравје и среќа, а тој истакна и оти е горд што традицијата и обичаите на Власите се длабоко вкоренети во машето општество. 

Во продолжение прочитајте ја целата честитка: 

„Дозволете да ви го честитам 23 Mај, Националниот ден на Власите и да ви посакам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, исполнет со радост и со среќа.

Токму на овој ден, пред 116 години, Власите за првпат во тогашното Отоманско Царство беа признати како народ и добија можност за образование и за богослужба на својот мајчин јазик. Негувањето на етничкиот, јазичниот и културниот идентитет е континуиран процес кој никогаш не завршува. Се гордееме што карактеристиките, традицијата и обичаите на Власите се длабоко вткаени во нашето мултикултурно и мултиетничко општество. Република Северна Македонија и понатаму ревносно, како и за сите етнички заедници, ќе ја афирмира и промовира влашката историја и култура.

Почитувани,

Секој наш граѓанин, како впрочем и секој човек насекаде низ светот, повеќе од една година се соочува со опасноста од Kовид-19, стравувајќи за својот и за животот и здравјето на своите најблиски. Со почетокот на масовната имунизација во нашата земја конечно се наѕира крајот на пандемијата. Да продолжиме да бидеме одговорни и дисциплинирани, солидарни и посветени, и што поскоро да се вратиме на нормалното секојдневие.

Нека ни е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите“, се вели во честитката на претседателот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот