Пендаровски го честита Меѓународниот ден на Бошњаците: Заедница која е нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество

Бошњачката заедница е нераскинлив дел од нашето мултикултурно, мултирелигиозно и мултиетничко општество и со останатите заедници суштински придонесува за напредок и развој на нашата татковина, порача претседателот Стево Пендаровски во честитката по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците.
Во честитката тој наведува дека преку празнување на 28 Септември се упатува порака за заедништво и сплотеност, а со тоа сме поблиску до остварување на целите за демократска, просперитетна, развиена држава.
Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна Македонија, на сите припадници на бошњачката етничка заедница да им го честитам 28 Септември ‒ Меѓународниот ден на Бошњаците и најискрено да посакам денешниот ден да го поминат во добро расположение, исполнети со радост, среќа и бериќет – порача шефот на државата.