Пендаровски го честита Денот на Македонската револуционерна борба

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Дозволете да ви го честитам 23 Октомври ‒ Денот на Македонската револуционерна борба. Пред 126 години со формирањето на Македонската револуционерна организација беа удрени темелите на организираната револуционерна борба за слобода и за создавање независна македонска држава. Беа потребни години на непрекината борба, страдања, хероизам и непокор, беа потребни Илинден 1903 и АСНОМ 1944, Референдумот на 8 септември 1991 за конечно да создадеме држава. Ние, денешните генерации, ги уживаме резултатите на револуционерната борба ‒ живееме во слобода, во своја самостојна држава.

Почитувани,

Секое време носи можности и искушенија. Секоја генерација има свои предизвици и цели. Нашиот предизвик е да ја направиме Република Северна Македонија просперитетна и почитувана, демократска и модерна. За тоа ни треба толеранција во меѓусебните односи, почит за другите, одговорност кон заедницата, грижа за животната средина и помагањето на ближните. Ни треба сплотеност без разлика на етничка, верска, политичка или каква било припадност. Не смеат да нè обесхрабруваат никакви пречки и премрежија. Го знаеме својот пат и на тој пат продолжуваме заедно.

Нека ни е честит 23 Oктомври!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот