Пендаровски ги повика лидерите на политичките партии на средба

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Претседателот Стево Пендаровски ги поканил лидерите на политичките партии во земјава на средба во Вила Водно во недела, дознава „Слободен печат“ од партиски извори.

Иако нема информации за кои лидери се поканети, претседателот очекува да присуствуваат првите луѓе од македонските и албанските партии.

Оваа иницијатива следи по последните информации околу добивањето датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

Од кабинетот на Пендаровски објаснуваат дека официјална информација за лидерската средба и за тоа кој е поканет на неа ќе дадат по завршување на прескоференцијата во Брисел. На пресконференцијата во Брисел ќе биде официјално соопштено како понатаму ќе се одвива процесот на европски интеграции на земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот