Пендаровски: Емоциите настрана, да се фатиме за работа, ниедна одлука не е за навек - Слободен печат

Пендаровски: Емоциите настрана, да се фатиме за работа, ниедна одлука не е за навек

Претседателот, Стево Пендаровски, во своето обраќање до граѓаните истакна дека му е жал за заклучоците на Советот на Европа, посочувајќи дека тие не се во согласност со нашите оправдани очекувања и сигурно не се во рамките на претходните најави на самата Унија.

– Разбирливо е што во овие моменти кај многумина постои чувство на разочараност, меѓутоа емоциите  на страна, мораме трезвено да се соочиме со новата реалност – рече Педнаровски.

Претседателот истакна дека ниту една политичка одлука не е за вечни времиња, ниту еден развој на настаните не е конечен. Неколку искуства од годините на нашата независнот, зборуваат во прилог на оваа моја констатација, нагласи Пендаровски.

-Но пред да донесеме одлука како понатака, важно е да разбереме зошто некои одлуки се такви какви што се, а не такви какви што со право очекувавме да бидат. Имено, неспорно е дека ги исполнивме сите предуслови за почеток на преговорите. И тоа беше констатирано на претходната средба на Советот во јуни, кога без други забелешки беше заклучено дека од технички причини поврзани со временскиот лимот, по штотуки завршените Евро избори, одлуката ќе биде донесена на Самитот во октомври – изјави претседателот.

Пендаровски истакна дека сите информации што ги имавме, пред и за време на Самитот, неспорно зборуваат за концепциски разлики меѓу носечките државни држави членки на ЕУ, во однос на процесост на проширување.

-Дел од тие забелешки се однесуваат на методологијата за водењето на претпристапните преговори. Мојот став од почетокот беше и останува, дека предлозите на задградување на методологијата се добредојдени, затоа што заедничка цел е да се осогураат позитивните промени, што треба да се случат во текот на процесот- истакнува Пендаровски.

Идејата за право на обединета Европа е право на сите Европејци, рече Пендаровски, и тоа никој не може да им го одземе.

-Меѓутоа во позадината на сите преговори, можеа да се слушнат и размислувања, за градење на некаков посебен однос на ЕУ со државите од нашиот регион, различен од патот што го поминаа сите некогашни кандидати за членство. Идејата за право на обединета Европа е право на сите Европејци, и тоа никој не може да им го одземе. Ние сме европска држава и имаме право да бидеме дел од заедничкиот европски дом- истакна Пендаровски.

Пендаровски во орбаќањето рече дека немаме непријатели, постојат само држави кои имаат свои специфични интереси, кои ги штитат и во тоа нема ништо спорно.

-Сакам јавно да кажам дека ние во Европа, немаме непријатели, постојат само држави кои имаат свои специфични интереси, кои ги штитат и во тоа нема ништо спорно. Сведоци сме дека огромното мнозинство држави, кои се бореа и се борат за нашите интереси, како што се борат за сопствените национални интереси. Нивната поддршка е искрена, без задршка, а во тоа се уверив и за време на моите посети во Брисел, Берлин, Виена и Љубљана. Убеден сум дека сите тие ќе продолжат да не поддржуваат независно од развојот на настаните во иднина. Сега е најважно ние самите да ги потврдиме нашите позиции, во однос на нашите евроатлански интеграции, кои немаат одржлива алтернатива. Членството во НАТО ќе се случи наскоро, а членството во ЕУ, знаеме оддамна, нема да биде задача само на една Влада, на еден Парламент или еден претседател.

Проследете го целото обраќање на претседателот Пендаровски.

https://www.youtube.com/watch?v=BbQGOMmEJh8&fbclid=IwAR3b37eMRlD_QG0doffaBSRdu8iTC3yEj6V8LBSOScoDlQApBI5gN9kt0E0

Прочитај повеќе

Нема договор од средбата на пазарџиите и Богдановиќ

Уапсени седум лица во Франција, планирале терористички напад

Слободен печат

Деркоски: Избирачкиот список никогаш нема да биде идеално чист

Слободен печат

Рекордни инвестиции во технолошкиот сектор во Британија

Слободен печат

Бомба тешка 500 килограми пронајдена во центарот на Келн, наложена евакуација

Слободен печат

Тачи му се заблагодари на Трамп за договорот за авиолинија Приштина–Белград

МИА Агенција

1 comment

НЕВЕН ГНЕВЕН 18/10/2019 - 15:58 at 15:58

Добро е што се сетивте дека и вие треба нешто да сработите. Ете тоа е вистината.

Reply

Остави Коментар

seventeen + one =

Прочитај повеќе

Вучиќ и Пленковиќ во Давос разговараа за српско-хрватските односи

Слободен печат

Загаден воздухот во Загреб, градските власти со препораки за граѓаните

МИА Агенција

Брзо расте бројот на заразени од корона вирусот во Кина

Слободен печат

Србија: Татко мислел дека ќерка му е киднапирана, а таа од скриен број го информирала дека се омажила

Слободен печат

В понеделник е Свети Сава, неработен ден за српската заедница

Слободен печат

Јужна Кореја ќе им се придружи на САД во обезбедување на важна стратешка точка на Блискиот исток

Слободен печат