Пендаровски е нов претседател на Македонија: Ќе им служам посветено на сите

Ветувам дека ќе им служам посветено на сите, рече Стево Пендаровски на вечерашната прес конференција.

– Овие избори се порака дека само заедно може да се оди напред. Овој концепт Заедно напред носи иднина за Македонија. Стабилност, безбедност и прогрес се можни само кога сме обединети. Ќе се залагам за правичност и правна држава. Сите да одиме заедно напред, сите ќе бидат партнер на стабилност, не на кризи. Мрачното минато е зад нас – порача Пендаровски и порача дека ќе им биде претседател на сите.

Ќе бидам, рече тој, претседател на државата од кој нема да се срамите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот