Пендаровски домаќин на амбасадорот на Катар: Продлабочување на соработката и олеснување на визниот режим

Фото: mia.mk

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар во Република Северна Македонија, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за текот и динамиката во развојот на билатералните односи меѓу двете земји и беше реафирмиран интересот за натамошно унапредување на односите со Катар во сите сфери од заеднички интересВо таа насока, беа разгледани можностите за искористување на економските потенцијали со кои располагаат двете земји, интензивирање на бизнис релациите и можноста за реализација на странски инвестиции во земјава.

Претседателот Пендаровски, како што се наведува, ја посочи потребата од унапредување на договорната рамка и заокружување на билатералните договори за соработка, како и неопходноста од натамошно олеснување на визниот режим.

Шефот на државата Пендаровски и вршителот на должност, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани разменија мислења и за предизвиците кои произлегуваат од справувањето со пандемијата на ковид-19, како и за последиците од актуелната состојба на глобално ниво. Претседателот Пендаровски изрази благодарност за донацијата од Државата Катар во справувањето со КОВИД-19 и изрази очекување за натамошна соработка во областа на здравството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот