Пендаровски: Должни сме да се бориме против кршењето на човековите права и антициганизмот како специфична форма на расизам кон Ромите

Должни сме да се бориме против кршењето на човековите права, антициганизмот како специфична форма на расизам кон Ромите, говорот на омраза и дискриминацијата во современото демократско општество, порача денеска претседателот на државата Стево Пендаровски по повод 16 Мај, Денот на отпорот на Ромите.

Пендаровски на својот Фејсбук профил наведува дека Денот на отпорот на Ромите ја означува упорноста на ромскиот народ, неговата борба за право на живот и борбата за опстанок за време на Втората светска војна.

– На 16 Мај 1944 година ромските затвореници, жени и мажи, вооружени со чекани, лопати и други дрвени предмети се спротивставиле на нацистите во логорот на смртта Аушвиц. Денот на отпорот на Ромите ја означува упорноста на ромскиот народ, неговата борба за право на живот и борбата за опстанок за време на Втората светска војна, потсетувајќи не’ на еден ужасен период од историјата. 76 години подоцна, должни сме да се бориме против кршењето на човековите права, антициганизмот како специфична форма на расизам кон Ромите, говорот на омраза и дискриминацијата во современото демократско општество, наведува Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот