Пендаровски: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ воспостави комуникација

фото Архива

Добро е што по девет месеци некомуницирање, се воспостави комуникација со институцијата претседател на Република Северна Македонија, што може да биде во насока на попродуктивен политички дијалог, вели претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Тој во изјава за Дојче Веле, нагласува дека токму продуктивниот политички дијалог многу недостига во нашата земја.

Изјавата на претседателот е дадена откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, информира дека на негово барање остварил телефонски разговор со шефот на државата, со кого договорил во утре да имаат средба на која ќе разговараат во врска со осудените за случајот „27 април” и за актуелните економски и политички состојби во земјава.

И Мицкоски вчера на брифингот со новинарите рече дека одмрзнувањето на односите со претседателот Пендаровски е поради тоа што на земјава и е итно потребен дијалог меѓу политичките чинители. Одмрзнувањето на односите со Пендаровски, Мицкоски го оцени како поддадена рака во, како што нагласи можеби најтешките историски времиња на нашата државност. Во една таква ситуација, потенцира, некој морало да преземе чекор во интерес на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ минатата година соопшти дека ќе ги замрзне односите со претседателот на државата откако тој по парламентарните избори одлучи да му го додели мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот