Пендаровски до Гир: Северна Македонија останува силно посветена на политиката на добрососедство и регионална соработка

Целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е суштинска гаранција за натамошен демократски развој, стабилност и просперитет на регионот. Ниедна земја членка на Унијата не смее преку поставување на ирационални барања да ја доведува во прашање европската иднина на нашиот народ, Само преку дијалог и почитување на принципите и темелните вредности на Европската Унија и на меѓународното право, може да се надминат билатерални разлики и предизвици.

Ова го истакнал претседателот Стево Пендаровски денеска на средбата со шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, на која беа разменети мислења и информации за европските перспективи на Република Северна Македонија, за можностите за отпочнување на пристапните преговори за членство во Европската Унија  и за текот на имплементацијата на реформите во насока на исполнување на европските стандарди.

– Република Северна Македонија останува силно посветена на политиката на добрососедство и регионална соработка, истакна претседателот Пендаровски, потенцирајќи  дека почетокот на преговорите за членство ќе претставува дополнителен поттик за забрзување на реформите.

Како што соопштија од кабинетот на претседетаелот, на средбата беа разменети мислења и за актуелните мерки и состојби во Европската Унија во насока на справување со пандемијата на Ковид-19, при што претседателот Пендаровски изрази благодарност за солидарноста и поддршката од ЕУ за здравствениот сектор, како и за финансискиот пакет со цел справување со социо – економските последици од пандемијата, се наведува во соопштението. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот