Пендаровски до банкарите: Ја имате мојата поддршка во рамките на моите можности

фото: Слободен печат

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со членките на Македонската банкарска асоцијација, на која банкарите ги покажаа постигнатите резултати, но и посочија на предизвици што претсојат пред нив.

Меѓу предизвиците на банкарскиот сектор е Законот за платежни услуги и платежните системи, за кои од Асоцијацијата велат дека една од позначјаните работи на кои тие се наосчени, за што претседателот им вети на банкарите дека ќе стори се што е во негова можност при донесувањето на истиот.

– Јас во мојот тим имам луѓе кои се од економскиот сектор и ќе ги разгледаат овие барања. Вие треба да реагирате уште во раната фаза при составувањето на законот, поради тоа што доколку се изгласа, мене рацете ми се врзани потоа. Затоа ви стојам на располагање во моите можности законот да биде донесен како што треба и да се дејствува уште кога ќе биде разгледуван од страна на Владата и тогаш да се интервенира – рече претседателот.

Правна сигурност е предуслов и за банкарскиот сектори и за бизнисот, со неа е поврзан и процесот на иселување на младите, иако се направени позитивни чекори од 2016 година наваму, ние 30 години не може да се пофалиме со тоа дека имаме стандарди на ниво од западно-европските држави и скандинавските држави.

– Факт е дека во 2015 -2016 година бевме во прилично длабока политичка криза и објективно стигнавме за кус временски период до едно ниво на стабилизација на државата до ниво да можеме да зборуваме за датум за преговори со ЕУ и за неколку месеци да зборуваме за полноправно членство во НАТО, истакна Пендаровски.

Тој оцени дека нам ни се потребни и ЕУ и НАТО со сите нивни трансформации.

– За држави кои се во транзиција и се уште трагаат по европски стандарди во сите области, таа организација е значајна, рече Пендаровски.

– Во делот на етаблирање на правна држава не можеме да се пофалиме 30 години наназад со високи стандарди. Ниту еден политичар сега на власт или во опозиција, ни порано на власт или опозиција може да тврди дека во нашата, сега Република Северна  Македонија постои правна држава на ниво на скандинавските земји или западноевропските држави. Не спорам дека сме направиле голем искчекор во таа насока, но имаме уште многу работа и не случајно секоја следна членка во ЕУ почнува со поглавјето 23, потенцира претседателот.

Пендаровски порача дека во последните афери тоа е тест за правната држава, за системот на правната држава во оваа состојба што ја имаме во моменот.

– Ние мора да одреагираме на ниво на систем, не на ниво на политичар. Еден обвинител кој постапил добро, системот не постапил добро. Ова е тест во смисла не смее да се случи никакво евентуално вмешување од страна, дали од бизнис заедницата, дали од политичката страна за да го истераме до крај и да покажеме дека и кога се вмешани високи интереси, големи пари, и луѓе кои биле на висока функција, како специјален јавен обвинител, што не е мала функција, да покажеме дека судскиот и правосудниот систем во целина може да одреагира и да заврши постапката според сите закони. Инаку во спротивно не можете да ги убедите граѓаните дека има правна држава која важи за сите, рече Пендаровски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот