Пендаровски денеска попладне ќе и се обрати на нацијата

Претседателот, Стево Пендаровски, денеска попладне ќе и се обрати на нацијата по повод разврската на Самитот на ЕУ лидерите во Брисел, каде не беше постигната одлука за почеток на преговори со Македонија и Албанија.

Од кабинетот на претседателот за „Слободен печат“ потврдуваат дека Пендаровски ќе има јавно обраќање. При тоа тој ќе ги повика лидерите на средба и ќе повика на обединетост и сплотеност.

Претседателот ќе се произнесе за случувањата на ЕУ Самитот и, како што дознава Слободен печат ќе ги потврди евроаталанските аспирации на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот