Пендаровски: Делата и поуките што ги оставија Кирил и Методиј не обврзуваат да градиме општество со еднакви можности

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на словенските просветители св. Кирил и Методиј.

– Овој голем празник посветен на светите браќа Кирил и Методиј, кои со своето дело им го отворија патот на словенските народи кон описменување и духовност, е темел и на македонското јазично, културно и духовно суштествување како рамноправен народ во семејството на словенските народи, стои во честитката.

Во неа претседателот додава дека светилниците на словенската цивилизација и писменост и заштитниците на Европа, св. Кирил и Методиј се изборија за правото на употреба на старословенскиот јазик во богослужбата, докажувајќи дека не постојат мали и безначајни јазици. Нивната визија и вредностите што ги промовираа и по повеќе од десет века се актуелни и релевантни.

– Честитајќи го големиот празник би сакал да потсетам дека делата и поуките што ни ги оставија светите браќа нè обврзуваат да се стремиме кон еднаквост и рамноправност, и да градиме општество со еднакви можности за сите без разлика на род, вера, етникум или која било друга припадност. Општество во кое образованието и културата се од суштинско значење и право на секој наш граѓанин. Нека ни е честит 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, истакнува претседателот Пендаровски во честитката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот