Пендаровски: Да ни е вековит Илинден

Нека ни е честит 2 Август – Денот на Републиката. На овој ден со благодарност се потсетуваме за цената што нашите предци – илинденците и учесниците во Народноослободителната и антифашистичка борба ја платија за нашата слобода и државност, пиша на својот фејсбук профил претседателот Стево Пендаровски.

Во постот се вели:

„Првиот Илинден од 1903-та и вториот Илинден од 1944-та се сведоштво за нивната непоколеблива волја и стремеж за слободна македонска држава. Тие се олицетворение на заедничката борба на сите луѓе за правда, еднаквост, демократија и достоинствен живот, независно од едничката, верската, идеолошката, социјалната или која друга припадност. Да ни е вековит Илинден. Да ни живее Републиката!“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот