Пендаровски: Да им се оддаде признание на сите служби кои работат непрекинато за справување на епидемијата (ВИДЕО)
Чулев не пристутвуваше на оваа седница поради здравствени причини, на негово место беше заменик министерот за внатрешни работи.
Претседателот на државата Стево Пендаровски после завршувањето на четвртата седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија се обрати до нацијата. Советот заклучи дека состојбата останува сложена, едногласно е заклучено дека имаме одговорно однесување на нашите граѓани.
-Денеска ја одржавме 4.седница на Советот за безбедност наменета за вонредната состојба во нашата држава, заради заштита и справување со коронавирусот. Одлуката за прогласување на вонредна состојба ја донесов на 18 март оваа година и како што најавив Владата има обврска детално да информира за ефектите од пре3земенмите мерки- рече Пендаровски.
На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче министерката за финансии, Нина Ангеловска и министерот за економија, Крешник Бектеши.
Чулев не пристутвуваше на оваа седница поради здравствени причини, на негово место беше заменик министерот за внатрешни работи.
-На седницата конзензуален заклучок беше дека треба да им се оддаде признание на сите служби кои работат непрекинато за справување на епидемијата- рече Пендаровски.
Сите напори се насочени кон справување со кризата, потенцираше Пендаровски, на седницата беа разгледани различни апспекти, реферираа и информираа сите присутни на седницата.