Пендаровски: Честитки за двете номинации за оскар за „Медена земја“

ФОТО: Facebook

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка за двете номинации за оскар за двете номинации за документарот „Медена земја“.

Вели дека станува збор за успех кој за прв пат го постигнува македонски филм.

-„Медена земја“ има огромен придонес за нашата афирмација во меѓународни рамки, но и за едукацијата и јакнењето на граѓанската свест за нашето влијание на балансот во природата. Да инвестираме и поддржуваме уште многу културни производи кои го поттикнуваат креавниот потенцијал на нашето општество, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот