Пендаровски-Брнабиќ: Соработката меѓу Скопје и Белград се интензивира последните неколку години

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска прими делегација од Република Србија, предводена од претседателката на Владата, Ана Брнабиќ, на која беше потврдена долгогодишната соработка меѓу двете земји која,според двајцата соговорници, се интензивира во последните неколку години.

Како што соопштија од кабинетот на Претседателот, Пендаровски изјави дека уште еден доказ за продлабочување на меѓусоседските односи меѓу Северна Македонија и Србија е денешната посета на премиерката Брнабиќ и отварањето на заеднички граничен премин Табановце – Прешево, како еден од клучните елементи на Коридорот 10. Овој проект, како што истакна претседателот Пендаровски, е особено значаен за развојот на економската соработка меѓу двете земји.

Соговорниците разменија мислења за прашањата од взаемен интерес во регионот, како и процесот на европска интеграција и во таа насока размената на искуствата од патот кон ЕУ може да биде од корист на двете земји. 

БОНУС ВИДЕО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот