Пендаровски: Антонијо Милошоски шири лажни вести

Ана Чупеска нема никаква релација со овој кабинет во врска со советување или било какво помагање, ниту е инволвирана во некој проект, рече претседателот Стево Пендаровски во одговор на новинарско прашање на денешната прес коференција.

– Должност ми е да се произнесам во врска со искажаните ставови. За мене Салвини не е фашист, туку демократски избран министер во демократска република Италија која е наш голем пријател во нашите евроатлански аспирации – рече Пендаровски.

Тој додаде дека пратеникот Антонијо Милошоски на социјалните мрежи шири лажни вести, кога вели дека Чупеска е советник на претседателот на државата.

Милошоски пренесе став на Чупеска, која е професорката од Правниот факултет  дека случајот „Рекет“  „е специјална војна која ја водат клепто-фашистите Матео Салвини и Берлускони од Италија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот