Пендаровски: Ако Заев и Мицкоски до понеделник се договорат ќе воведам ден-два вонредна состојба

Не мора да бараат Заев или Мицкоси ден два или три, за да постигнат консензус за изборите, јас ќе им дадам денови, рече на денешната прес конференција претседателот Стево Пендаровски кој соопшти дека нема да прогласи нова вонредна состојба и ги повика партиските лидери да се договорат за датумот за избори.

– Истекува вонредната состојба во сабота. Ако лидерите се договорат во понеделник ќе воведам ден два колку треба вонредна состојба, бидејќи е примарно да имаме инклузивен процес. На 30. 06 завршува кризната состојба на јужната граница, која се продолжува на 6 месеци, а немаме парламент. Ако е потребно, по консултација со експерти можам да продолжам ден два за да имаат правен однос. Да не ме сфатат другите лидери погрешно, но лидерска од претходниот формат нема потреба. Другите лидери на партиите се или за 5 јули или 19 јули. Државата да влезе во мирни води и да ги обединиме ресурсите и да продолжиме по патот по кој одевме последните неколку години.
Власта и опозицијата се согласија дека во период кога температурите се високи, не мора да се гласа во недела, може и во среда. Тоа се носи со Уредба со законска сила. То е добра работа – рече шефот на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот