Пендаровски: Ако за 20 дена Заев не направи Влада, ќе го врати мандатот назад

Скопје, 13 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

По средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на државата Стево Пендаровски на денешната прес конференција истакна дека не му побарал на Заев гаранција за обезбедено мнозинство.

-Со Мицкоски до сега сме имале одлична комбинација. Разговаравме за неколку точки. Прво, тие тврдат дека Собранието не е конституирано. Ние имаме спротивен став. Од верификација на мандати почнува броење на 10 дена во која претседателот мора да го даде мандатот. Тој рок според нив не почнал да тече, бидејќи не е избран претседател на Собрание. Во 2006 година не беше избран претседател, а рокот почна да тече и во 2016 година кога претседавачот Вељаноски ги инфномира Иванов дека Собранието е конституирано. Значи врз основа на консултациите со правници и читање на Уставот се смета дека течат 10 дена по верификација на мандатите.

Најмногу прашања беа за тоа како Заев ме уверил дека има мнозинство. До овој момент 61 пратеник нема ниту еден политички субјект, но Заев рече дека во преговори со повеќе политички партии, дека е на добар пат да обезбеди мнозинство. Јас на Мицкоски му реков дека ќе работи на мнозинство, до денес ниту еден не се јави да ми каже дека има шанси да направи мнозинство, а мене роковите ми течеа и утре на полноќ завршува. Што требаше јас да направам, да го земам мандатот и да го чувам во фиока? Претседателот е должен да го даде мандатот. Кога имате 6 пратенички листи, ниту еден не вели јас сум на добар пат да обезбедам мнозинство. Немам намера да го носам мандатот дома.

Во делот на тоа зошто не сум барала гаранции за мнозинството на Заев, јас реков дека иту еден претседател до сега не барал матични броеви и нотарски заверени изјави освен Иванов на Груевски кој немаше мнозинство. На луѓето мора да им се верува на зборот, бидејќи и тие имаат одговорност, конечно ако за 20 дена Заев не направи Влада, ќе го врати мандатот назад, рече Пендаровски.

На новинарско прашање тој рече дека е легитимно право на ВМРО-ДПМНЕ околу одлуката за замрзнување на односите со претседателот, тоа е нивно демократско право, но според него, станува збор за потег кој е испровоциран од некое внатрепартиско прашање.

-Ако г. Заев не направи влада за 20 дена, јас ве уверивам дека г. Мицкоски на истекот на тој рок ќе дојде одсабајле овде, во оваа институција да го бара мандатот иако односите му се замрзнати, вели Пендаровски.

За можноста од распуштање на Собранието и шпекулации во јавноста во врска со тоа, тој подвлече дека според Уставот е можно само со гласот на 61 пратеник со кои се самораспушта парламентот и се оди на нови избори. Нема друг начин, дециден е шефот на државата.

Нагласи дека освен Заев досега никој не се јавил во неговиот кабинет во врска со мандатот, ниту Мицкоски, ниту Ахмети оти можат да направат влада, а тој, вели, морал да го даде мандатот во рок од 10 дена, бидејќи според Устваот е должен да го направи тоа, во спротивно го крши Уставот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот