Пеналите среќни за Вардар, Пелистер броеше до девет во Купот

Фудбалерите на Вардар ремизираа со Беса/Фото: facebook.com/FKVardarSkopje

Денеска се одиграа натпреварите од 1/16 финалето во Купот на Македонија, во најинтересниот Вардар на пенали ја елиминираше прилепска Победа со 5:4 или 6:5 севкупно.

Во регуларните 90 минути резултатот беше 1:1, водство за „црвено-црните“ донесе Блажевски со прекрасниот погодок од слободен удар во 54 минута, а Победа израмни во самиот финиш (90+4`) преку Стомнаровски.

Ударите од белата точка го решаваа патникот во осминафиналето, во првите четири серии двете екипи беа прецизни, а во петтата голманот на Вардар Илиќ го одбрани ударот на Петејчук.

Успешен беше и Работнички кој убедливо со 3:0 ја елиминираше екипата на Слога Виница. Стрелци на головите за „романтичарите“ беа Стојкоски од пенал во 10, Лазарово 61 минута и Аломеровиќ во 63 минута.

Брегалница во Охрид со 1:0 триумфираше над Воска Спорт. Погодокот за штипјани го реализираше Додев уште во седмата минута на стадионот „Билјанини извори“.

Битолски Пелистер беше најубедлив во дуелите, со дури 9:0 го елиминираше Љуботен, Здравевски запиша хет-трик, Маневски имаше два голови, а по еден Суљемани Јуфо, Талевски и Илиевски .

Во останатите средби од 1/16 финалето во Купот на Македонија: Беса – Скопје 1:1 (пенали, 4:5), Детонит Јуниор – Македонија ЃП 0:3, Кораби – Беласица 1:2, Гостивар – Ренова 0:4, Лок. Градско – Охрид 0:2, Новаци – Тиквеш 0:2, Саса – Струга Трим Лум 0:2. На 22 септември ќе играат Кит Го – Шкендија, Њу Старс – Борец и Велешта – Шкупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот