Пеналите и донесоа триумф на Шкендија

facebook.com/fcshkendija/

Со двата гола на Агим Ибраими од пенал, Шкендија како гостин го совлада Работнички со 2:1 во последниот натпревар од 14. коло во првата македонска фудбалска лига.

Работнички поведе со голот на Шаркоски во шестата минута, а најзаслужен за пресвртот, а воедно и триумф е Агим Ибраими кој постигна два гола од пенал. Прво во 19. минута го израмни резултатот, а победата и трите бода за Шкендија ги обезбеди со голот во 91. минута.

Со трите бода од дуелот со Работнички, Шкендија се искачи на третата позиција на табелата со 21 бод, девет бода помалку од лидерот Вардар, додека Работнички со 11 бодови е закован на дното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот