Пеналите го спасија Јувентус против неверојатната Аталанта

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Во дербито на 32. коло од Серија А, Јувентус и Аталанта ремизираа играјќи 2:2.

Ремито против Јувентус е првиот неуспех на Аталанта во продолжението на сезоната, до вечерва тие забележаа максимални пет победи во пет натпревари, а од шестиот триумф и второто место на табелата ги делеа минути. Јувентус се спаси благодарение на пеналите кои успешно ги реализира Кристијано Роналдо.

Аталанта која пак не успеа да ја забележи 10. победа во низа, сепак оствари клупски рекорд. Гостите од Бергамо поведоа со голот на Дуван Запата во 16. минута и за прв пат во клупската историја, тројца играчи постигнуваат 15. или повеќе голови во една сезона. Ова беше 15. гол за Запата, а исто толку има и Јосип Иличиќ, додека Луис Мјуриел моментно е на бројката од 17 постигнати гола.
Последен тим со вакво постигнување е токму Јувентус и тоа од сезоната 1951/52.

„Старата дама“ израмни на почетокот од второто полувреме преку Кристијано Роналдо кој успешно го реализираше досудениот пенал по играњето со рака на Мартен де Рон во сопствениот шеснаесетник.

Одлилната Аталанта на девет минути до крајот благодарение на одличниот шут на Руслан Малиновски поведе со 1:2, но Роналдо во 90. минута го реализира вториот пенал за неговиот тим, откако повторно гостинските играчи играа со рака во сопствениот шеснаесетник.

Со ремито и освоениот бод, Јувентус е лидер на табелата со 76 бода, осум повеќе од Лацио, додека Аталанта која пропушти да освои три бода е на третата позиција со само бод помалку од лацијалите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот