Пелоси укажа на „замрсена мрежа од лаги“ во Белата куќа

ОМВ, Белата куќа, Администрацијата, го погазија законот и тоа покажува замрсена мрежа од лаги, изјави таа по објавувањето на одлуката, укажувајќи дека секојдневно излегува некаква инкриминирачка информација.

Службата за отчетност на Владата укажа на „замрсена мрежа од лаги“ во врска со зaдржаната воена помош за Украина, и тоа го оцени како кршење на законот, изјави Ненси Пелоси на редовниот неделен брифинг за новинарите изутринава во Конгресот.

Спикерката на Претставничкиот дом говореше пред да започне, за денеска закажаното, презентирање во Сенатот на предметите од обвинението за импичмент на претседатлот на САД Доналд Трамп.

Владината ревизија посочи дека Канцеларијата за менаџмент и буџет (ОМБ) при Белата куќа го прекршила законот, изјави таа.

-ОМВ, Белата куќа, Администрацијата, го погазија законот и тоа покажува замрсена мрежа од лаги, изјави таа по објавувањето на одлуката, укажувајќи дека секојдневно излегува некаква инкриминирачка информација.

Истакна дека од исказите на Лев Парнас се укажува дека во скандалот со Украина вовлечен е и државниот обвинител Вилијам Бар

Пелоси испрати и сочувство за загинатите и повредените во серијата земотреси на Порторико. Побара Белата куќа да објави катастрофа за американската територија во Карипското Море, за да се обезбеди дополнителна помош за постраданите од постојаните потреси и земјотрси кои во Порторико се случуваа изминативе недели.

Истакна дека Конгресот денеска ќе излезе со нацрт закон за помош за пострадните во Порторико надевајќи се на брзо одобрување од Трамп.

Пелоси допре и други теми, како подбрување на здравствените услоги во земјата во рамките на државно спонзорираната Медикејд програма, за чистење на атмопсферата од загадување во некои воени бази каде биле испуштени хемикалии, и за стопирање на неповолните „предаторски” зајмувачи на студенстки кредити во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот