Пелоси со критика до Трамп порача дека Американците мора да ја знаат вистината

Во писмено обраќање до своите демократски колеги по повод кризата со коронавирусот во САД, спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, упати остри критики до претседателот Доналд Трамп, го обвини за лаги, и порача дека Американците „мора да ја дознаат вистината и да дејствуваат согласно неа”.

Писмото, испратено по повод Велигден и објавено на нејзиниот официјален веб-сајт, Пелоси го почнува посочувајќи дека празникот го поминала „во продлабочено молење и размислување, за ова неподносливо време” кога Американците се соочени со смртоносен коронавирус и „ги оплакуваме тие што починаа”.

Таа повика дека ако Американците сакаат да ги надминат предизвиците, „мора да ја дознаат вистината и да дејствуваат согласно неа”.

Потоа, под повеќе точки по ред таа го критикува Трамп за дејствијата што довеле народот да настрада од „тешка здравствена и економска криза”.

Таа го обвини Трамп дека ги распуштил владините институциите со надлежност за борба со пандемии, што предизвикало смрт на Американци и економска криза.

Подвлече дека Трамп бил предупреден за пандемијата уште во јануари, но тој ги игнорирал предупредувањата и на своите луѓе им говорел дека пандемијата е измислица.

Спикерката го обвини Трамп за „некомпетентна реакција на кризата во здравството”, а тоа предизвикало криза во силната економија што тој ја наследил од неговиот претходник.

-Вистината е дека слаба личност, неспособен лидер, не презема одговорност во свои раце. Слабата личност ги обвинува другите, напиша Пелоси.

Таа изјави дека на почетокот на април само еден процент од Американците бил тестиран за коронавирус, иако уште од 4 март 2020 година, Претставничкиот дом изгласа двопартиски предлог-закон што предвидува масовно тестирање на населението.

-Вистината е во тоа што од овој момент Американците треба да ја игнорираат лагата и да почнат да ги слушаат научниците и другите ценети професионалци, за наша и заштита на нашите блиски, се вели во писмото.

-Иднина ќе ни биде здрава и просперитетна само ако запреме со трпење лаги и измами. Мора да ја признаеме вистината, да ја зборуваме вистината, мора да инсистираме за неа и да дејствуваме согласно тоа, го заврши писмото Пелоси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот